Утрински Весник
Свет

Русија протера дипломати од европските земји кои покажаа солидарност со Чешка

Русија протера дипломати од европските земји кои покажаа солидарност со Чешка

Русија денес најави протерување на седум дипломати од четири земји на Европската Унија кои неодамна протераа руски дипломати во знак на солидарност со Чешка поради шпионската афера.

Руското Министерство за надворешни работи објави дека тројца словачки дипломати, двајца литвански дипломати и по еден дипломат од Естонија и Летонија наскоро ќе мора да ја напуштат Русија, осудувајќи ја „лажната солидарност“ со Прага.

Министерството ги обвини балтичките земји дека имаат „непријателски“ став кон Русија и „псевдосолидарност“ со Прага.

Минатата недела, чешката влада ја обвини руската тајна служба за предизвикување експлозија во складиште за муниција во 2014 година, кога беа убиени две лица. Прага протера 18 руски дипломати поради шпионажа.

Москва одговори со барање 20 чешки дипломати да ја напуштат нејзината територија, додека Словачка, Романија и балтичките земји најавија протерување на руски дипломати во знак на солидарност со Прага.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ги нарече „апсурдни“ обвинувањата на Прага.

Можете да прочитате

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади

ЕУ постигна начелен договор за користење на замрзнатите руски средства за Украина