Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Мора да спречите каков било напад врз Русите

Лукашенко: Мора да спречите каков било напад врз Русите

Белорускиот претседател Александар Лукашенко им нареди на белоруските експерти да обезбедат снабдување со електрична енергија во нуклеарната централа Чернобил во Украина, пренесува белоруската агенција БелТА.

Лукашенко нареди и белоруската армија да спречи каков било напад врз руските сили „од зад грб“.

Да потсетиме, вчера Украинците предупредија дека постои опасност од истекување на радијација во Чернобил по прекин на струја.

Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека резервните дизел генератори може да ја одржуваат фабриката само 48 часа.

– После тоа ќе бидат стопирани системите за ладење на складиштето на потрошеното нуклеарно гориво, поради што истекувањето на радијацијата ќе биде неизбежно – напиша тој на Твитер.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) подоцна објави на Твитер дека „случувањата го поткопуваат клучниот безбедносен столб за да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија“, но дека „во овој случај, МААЕ не гледа одлучувачко влијание врз безбедноста“.

Можете да прочитате

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен