Утрински Весник
Свет

Украина и Русија очи во очи – почна средбата Кулеба и Лавров

Украина и Русија очи во очи – почна средбата Кулеба и Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска се сретна со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба во Турција, јавува Ројтерс.

„Средбата започна“, изјави за новинарите портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Посредник на средбата е турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

На фотографиите од средбата што ги објави Захарова се гледаат министрите на Русија и Украина како седат еден спроти друг.

Претходно беше одржана билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Турција, како и билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Украина и Турција.

Можете да прочитате

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен