Утрински Весник
Македонија

Локализиран пожарот на Витачево по над тричасовна борба со огнот 

Локализиран пожарот на Витачево по над тричасовна борба со огнот 

Кавадарци, 12 април 2020 (МИА) – Локализиран е пожарот што зафати трева и дабова шума на околу 20 хектари на висорамнината Витачево, по над тричасовна борба со огнот. Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Пожарот зафати трева и дабова шума на околу 20 хектари. Огнот почнал кај станицата на селото Драгожел. На лице место веднаш интервениравме четворица пожарникари со едно возило. Во таа борба, многу ни одмагаше ветерот што го има во моментов на висорамнината, рекоа од единицата.

Подоцна, поддршка  во гаснењето на пожарот добиле од пет работници на подружницата на „Македонски шуми“ со едно возило. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа