Утрински Весник
Македонија

Кривична за кочанчанец кој во својот двор организирал масовна прослава за време на епидемија

Кривична за кочанчанец кој во својот двор организирал масовна прослава за време на епидемија

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ф.Џ. од Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Како што информираат од МВР, на 17 октомври годинава пријавениот, во дворното место на својот дом и надвор од него, организирал прослава по повод свршувачка, на која поканил и присуствувале поголем број лица.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

15-годишник силувал малолетничка, делото го снимил, па ја уценувал