Утрински Весник
Спорт

Крејчикова се врати од „бездната“ за финале на Ролан Гарос

Крејчикова се врати од „бездната“ за финале на Ролан Гарос
300x250 (7)

Барбора Крејчикова, 25-годишната чешка тенисерка, на која досега најголем успех на гренд слем турнирите и беше четвртото коло, ќе игра во финалето на Ролан Гарос, откако во драматичен меч успеа да спаси меч-топка и со 7:5/4:6/9:7 да ја совлада својата врсничка, грчкото изненадување Марија Сакари.

Крејчикова во саботното финале ќе се сретне со Русинката, Анастасија Пављученкова, која со 7:5/6:3 претходно ја совлада Словенката Татјана Зиданшек, за исто така свое прво гренд слем финале.

300x250 (7)

Крејчикова е многу попозната и поуспешна како тенисерка во двојки, освојувајќи две гренд слем титули и заземајќи го првото место на ВТА листата во двојки. Таа почна одлично, добивајќи го првиот сет со еден брејк, но потоа Сакари влезе во вистински ритам и ги искористи сите грешки на противничката за да израмни на 1:1.

Гркинката имаше и шанса да влезе во финалето кога имаше меч-поен при 5:4 во третиот сет, но Крејчикова се спаси. Бидејќи на Ролан Гарос, одлучувачкиот сет не се игра во тај-брејк, беше потребна разлика од два поени, до која тешко се стигнуваше, пред Чехинката со третата меч-топка да го заврши мечот на сервис на противничката.

> Крејчикова се врати од „бездната“ за финале на Ролан Гарос <

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“