Утрински Весник
Спорт

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

20240426090040 Big 730x400 64.webp.webp

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Дика Мем ја предводеше Барселона со седум голови, додека Камил Сипржак постигна седум за ПСЖ.

Во вториот натпревар одигран во четвртокот, Веспрем оствари минимална победа од 32-31 (12-17) против Алборг со шест голови на Недим Ремили, додека четворица играчи на гостите постигнаа по четири гола.

Реваншите се играат следната недела, а победниците ќе се пласираат на завршниот турнир кој ќе се игра на 8 и 9 јуни во Келн.

Резултати од првите четвртфинални натпревари,

Среда:

Киелце – Магдебург 27-26 (14-13)

Монпеље – Кил 39-30 (20-16)

Четврток:

Веспрем – Алборг 32-31 (12-17)

ПСЖ – Барселона 22-30 (14-11).

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот