Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Policija 320299 387392 394542.jpg
Ss2

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Ss1

Можете да прочитате

Меџити вели дека 10 000 граѓани од дијаспората доаѓаат да гласаат

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина! 

Мисајловски: Граѓаните масовно да излезат на гласање