Утрински Весник
Свет

Затворен хотелот во кој беше сместена германската делегација на Г7 во Лондон поради ковид

Затворен хотелот во кој беше сместена германската делегација на Г7 во Лондон поради ковид
Ss2

Хотелот, кој го користеа членовите на германската делегација на самитот Г7 во Англија, беше затворен затоа што неколку членови на персоналот биле позитивни на Ковид-19, објави „Скај Њуз“.

Британската телевизија ги цитираше сопствениците на хотелот, кои рекле дека можат да потврдат дека луѓе од нивниот тим во Педн Олва, Сент Ив се позитивни на коронавирус, објави „Ројтерс“.

Ss1

„ По обемни дискусии во последните неколку дена со „PHE (англиско јавно здравје) и Советот на Корнвол, решивме хотелот целосно да го затвориме“, велат сопствениците на хотелот.

Во порака на својата веб-страница, хотелот наведува: „Жал ни е, привремено сме затворени“.

Ss1

Можете да прочитате

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници