Утрински Весник
Македонија

Комисијата предлoжи воведување на полициски час во Македонија од 22 навечер до 5 часот наутро

Комисијата предлoжи воведување на полициски час во Македонија од 22 навечер до 5 часот наутро

Министерстeрот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска до Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.

Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза