Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести деновиве ќе одлучува дали ќе има нови мерки во пресрет на празниците

Во болниците од коронавирус се лекуваат 1.687 пациенти, во Скопје за еден ден се хоспитализирани 73 лица

Комисијата за заразни болести деновиве треба да ја анализира состојбата со Ковид-19 и ќе одлучи дали ќе има нови мерки во пресрет на празничните денови.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.

Според неодамнешните изјави на министерот за здравство Венко Филипче, иако состојбата со Ковид-19 се стабилизира граѓаните мора да останат максимално внимателни. Тој во неколку наврати потенцираше дека граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик.

Според надлежните, вакцинацијата во државава се одвива добро. Се очекува имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по велигденските празници.

Можете да прочитате

Мојсоска: Мицкоски и СДС си го делат бизнисот со струја – ЕСМ тоне, тие се богатат

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков се оддалечува од принципите на ЗНАМ

Царинските службеници пронајдоа 68.000 австралиски долари при контрола на сопружници