Утрински Весник
Македонија

Почина уште еден пациент од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 10

1 komarci.jpg

Седумдесетгодишен маж од скопската населба Аеродром починал викендов од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Пациентот повеќе од 50 дена се лекувал на Клиниката, но и покрај лекарските напори, починал како последица на болеста.


Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска досега се искачи на 10 лица.

Според директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, во моментов се хоспитализирани седум пациенти со западнонилска треска, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба.

Пред три дена на Клиниката бил регистриран уште еден нов случај, со што вкупниот број пациенти со западнонилска треска кои досега се лекувале во оваа здравствена установа достигна 68.

Здравствените власти продолжуваат да ја следат состојбата со заболувањето.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија