Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Vmro.webp.webp

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, би посочиле дека посоодветно е поканата да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче. Впрочем да не заборавиме дека Заев беше тој кој велеше дека Бугарите биле ослободители а не фашисти, дека биле администратори, дека македонскиот јазик е после 44та итн. А Венко Филипче и денес има идентичен став со бугарската политика, прво Бугари во Устав, а после се друго.


Тоа се мотивите на една срамна и предавничка политика, јавно етаблирана во Преспанскиот договор и Бугарскиот договор за добрососедство кои се една иста страна од паричката.

Во однос на удирањето во гради со пренесување на моштите на Цар Самоил во Бугарија, ќе потсетиме дека англискиот крал Ричард I е во Франција, иако тоа не го прави французин. Притоа ќе потсетиме и на мудриот потег на Бугарија во минатото кога моштите на Гоце Делчев ги предаваат на Македонија. Добро е да објасни тогаш што е Гоце Делчев за нив и бугарските гласноговорници? За нас, за разлика од Заев, Филипче или Каракачанов вистината е едноставна, а тоа е дека е еден од најсветлите ликови во македонската историја. За жал, таа мудрост ја нема официјална Софија, но истовремено ја поздравуваме возбудата со која Бугарија го почитува делото на Цар Самоил кој има неизбришива трага за Македонија.

Можете да прочитате

Работна средба за изготвување на Стратегијата за човечки ресурси на Јавното обвинителство 2026-2028

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија 

Алијансата за Албанците: Да го искористиме европскиот момент, да ја одблокираме иднината на земјата