Утрински Весник
Македонија

Коалицијата на Бачев и Кекеновски поднесе кривични пријави против членовите на ДИК

Коалицијата на Бачев и Кекеновски поднесе кривични пријави против членовите на ДИК

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, преку Јове Кекеновски како нејзин претставник, поднесе кривични пријави против претседателот на Државната изборна комисија, Oливер Дерковски и останатите членови на комисијата, поради тоа што на гласачкото ливче наместо официјалното поднесено и прифатено име на коалицијата, стоело името на политичката партија „Единствена Македонија“.

Од коалицијата сметаат дека со ова се направени кривични дела повреда и злоупотреба на избирачкото право, повреда на слободата на определувањето на избирачите и измама.

„Со наведувањето на името на само една политичка партија, наместо на целата коалиција, избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (партијата Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите. сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите“, објаснуваат од „Никогаш северна, само Македонија“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пендаровски: Mицкоски бара дополнителни коалициони партнери, затоа што го знае што го чека на 27 април и 8 мај

Ковачевски до Мицкоски:  На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум