Утрински Весник
Економија

Угостителите и туристичките работници бараат да продолжи поддршката од Владата

Угостителите и туристичките работници бараат да продолжи поддршката од Владата
Ss2

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и владин економски тим се сретнаа со претставници од угостителската и туристичката дејност и лица од компании кои се занимаваат со превоз на патници, кои трпат најголеми штети од пандемијата предизвикана од коронавирусот.

На состанокот, претставниците на компаниите доставиле барање за продолжување на владината поддршка и во наредниот период, а се разговарало за справувањето со економската криза предизвикана од Ковид-19, за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции во наредниот период, како и за потребата од носење на нови мерки.

„На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејност ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати. Исто така угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста, од граѓаните, посебно од оние кои ќе ги користат платежните картички“, соопштија од Кабинетот на Царовска.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз