Утрински Весник
Свет

Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.

Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.

Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.

Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.

Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе Бета.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат