Утрински Весник
Спорт

Кавани е пред трансфер во Валенсија

Единсон Кавани нема да ја продолжи кариерата во аргентинскиот великан Бока Јуниорс. Уругваецот ја одбил понудата поради желбата да игра во Шпанија.

dobivaj vesti na viber

„Ел Матадор“ верува дека се уште може да игра на врвно ниво, а според некои медиуми тој ќе се пресели во Валенсија. Клубот од „Местаља“, го напушти Гонзало Гуедеш, а се очекува наскоро да замине и сонародникот на Кавани Макси Гомез.

Кавани како слободен играч ќе се пресели во Валенсија, откако му истече договорот со Манчестер јунајтед.

Уругваецот е најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ (200 натпревари и 138 голови), во кариерата бил играч и на Наполи, Палермо и Данубио.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами