Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Ги реализираме стратешките цели на државата, блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се осудени на порази

Ss2

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, ги реализира стратешките цели на државата. Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот глобален безбедносен сојуз, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ По 17 години минати во чекалната, конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во ЕУ. Од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги започнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет.

Ss1

Од друга страна, наспроти државничкото и одговорно однесување на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски прават се за да ја загрозат европската иднина на државата.

Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев преку блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија со обидоа да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја дестаблизират државата.

Таквите обиди им пропаднаа, СДСМ, институциите и граѓаните не дозволија тие да ја загрозат европската иднина. Се додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразувани“ порачаа од владејачката партија.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт