Утрински Весник
Балкан

Судири и пожари во Тирана: 29 повредени и 35 приведени на студентските протести

Tirana.png

Дваесет и девет лица се повредени, а 35 се приведени по насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана на 14 октомври. Според албанското Министерство за здравство, меѓу повредените се 23 полицајци, петмина демонстранти и еден минувач, кои добиле медицинска помош во болницата за трауматологија.

Во текот на немирите беа оштетени државни институции, банки и приватни објекти. Дел од демонстрантите фрлаа камења и палеа огнови, а полицијата употреби солзавец и водени топови. Судирите траеја повеќе часови.


Студентските организатори бараат подобри услови на универзитетите, пониски трошоци за студирање, поголема финансиска поддршка и подобри можности за вработување по дипломирањето. Протестите се поврзаа и со поширокото незадоволство од владата на премиерот Еди Рама и обвинувањата за корупција.

Претседателот Бајрам Бегај го осуди насилството и повика на смирување на состојбата и почитување на законите.

Албанската полиција ги повика учесниците да се дистанцираат од маскираните лица и од оние што напаѓаат полицајци или уништуваат имот.

Министерот за внатрешни работи Ервин Демо нагласи дека мирниот протест е демократско право, но и дека полициските интервенции мора да бидат законски, неопходни и пропорционални. Тој најави непристрасно испитување на наводите за незаконска или прекумерна употреба на сила и побара одговорноста да се утврдува поединечно, врз основа на докази.

Можете да прочитате

(Видео) Навивачите на Хајдук Сплит ги нападнаа навивачите на Ајакс

Невремето во Истанбул однесе два живота

Специјалци упаднаа во акција против опасна криминална група во Србија – еден од осомничените е во Македонија