Утрински Весник
Македонија

Златна трка во Градскиот парк по повод Меѓународниот ден на децата со канцер

МЗ: Денеска е крајниот рок за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во ПЗЗ во ЗД
Img 5587

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – По повод Меѓународниот ден посветен на децата што се борат со канцер, денеска во Скопје ќе се одржи златна трка и забава во организација на НО САНО и Универзитетската клиника за детски болести.

На настанот, организаторот најавува дека, ќе се обрати и ќе ги поддржи малите херои од хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести и министерот за здравство Венко Филипче.

300x250 (7)

За децата во болница ќе настапат  DJ Shime, Бени Шаќири и НОН СТОП, актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска, Ели Раста Грл и најдобрата пријателка од светот на децата Биби.

Во организација на настанот се вклучуваат и ученици од интернацоналното училиште „Нова„ и гимназијата „Орце Николов“, кои и досега волонтираат и им помагаат на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести. скс/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

(Фото) Чудни предизборни кореографии, ЗНАМ и Максим ги развеаја вергините