Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла на патот Штип – Неготино

Намалена видливост на патните правци Страцин-Крива Паланка и Шипковица-Попова Шапка поради магла

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Штип – Неготино, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“ – 24info.mk

Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување

108 санкционирани возачи во Скопје