Утрински Весник
Македонија

Затвореник од штипскиот затвор набавил хероин и се обидел да го внесе во затворот

Затвореник од штипскиот затвор набавил хероин и се обидел да го внесе во затворот

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(30) од с.Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 04.09.2021 пријавениот, кој издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип, извршувајќи работни задачи надвор од затворот, набавил хероин и се обидел да го внесе во затворот, но не успеал затоа што при влез бил пронајден и одземен од затворските службеници, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни