Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на британскиот специјален претставник му објаснил за потребата од предвремени избори

Мицкоски на британскиот специјален претставник му објаснил за потребата од предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со поширока партиска делегација денеска остварил средба со специјалниот претставник на Велика Британија за Балканот, Стјуарт Пич.

Како што информираат од партијата, на средбата било разговарано за актуелната политичка ситуација во земјата.

„Од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата од предвремени избори кои ќе значат разрешување на кризата во која оваа власт ја втурна државата, беше потенцирано дека поддршката на народот е свртена кон ВМРО-ДПМНЕ, што се виде и по резултатот на локалните избори. Предвремените избори ќе ја отсликаат волјата на народот во парламентот и ќе бидат мотор за промените и закрепнување на државата“, се наведува во партиското соопштение.

На средбата од ВМРО-ДПМНЕ го презенитрале својот став за преговорите со Бугарија, при што било истакнато дека власта треба да ја почитува Резолуцијата донесена во Собранието, која значи зачувување на македонските идентитетски обележја и клучните национални интереси.

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје