Утрински Весник
Економија

ЕСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?

300x250 (7)

Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?, прашуваат од „Електрани на Северна Македонија“ како реакција на обвинувањата изнесени од опозицијата.

„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се залага АД ЕСМ да не му ја продава на универзалниот снабдувач ‘ЕВН хоум’ целата електрична енергија што му е потребна за снабдување на граѓаните, туку само 75 %, а остатокот ЕСМ да го продава на слободниот пазар и да заработи повеќе. Дали во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека тоа значи оти универзалниот снабдувач ќе мора остатокот од 25 % да го докупи токму на слободниот пазар за многу повисоки цени? И дека тоа ќе значи драстично зголемување на цената на струјата? Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага за двојно повисока цена на струјата за граѓаните?“, прашуваат од ЕСМ.

Додаваат дека е очигледно оти опозициската партија се занимава само со дневна политика и безидејни неконзистентни изјави, од кои никој во државата нема корист. Оттука, напоменуваат дека цената на АД ЕСМ е пониска 55 проценти од цената на струјата на слободниот пазар.

„Потенцираме и дека компанијата ги презема сите мерки за оптимизирање на производството и на трошоците, а во исто време спроведува инвестиции во обновливи извори од сопствени средства, кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира“, велат од ЕСМ.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром