Утрински Весник
Свет

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе кои се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата за статистика „Ворлдометерс“.

Од почетокот на епидемијата, од компликации починале 733.995 луѓе, а скоро 13 милиони се опоравиле.

Во моментов активни се 6.391.539 случаи, а еден процент од вкупниот број на пациенти се во критична состојба.

Најлоша е состојбата во САД, Бразил и Индија, кои бележат повеќемилионски случаи на инфекција, а потоа следат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Од европските земји, покрај Русија, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде од појавата на вирусот се разболеле 361.442 лица, а починале 28.503 лица, односно оваа земја е на 10 место во светот по бројот на заболени.

Италија, која своевремено беше втора по бројот на инфекции, сега е на 16 место со 250.566 заболени и 35.205 смртни случаи.

Во регионот, ситуацијата е сè уште најтешка во Романија каде регистрирани се 61.768 случаи на инфекција и 2.700 починати, поради што земјата е на 41 место во светот, а потоа следува Србија, која е на 60 место со 28.099 регистрирани пациенти и 641 смртен случај.

Кина, каде за прв пат се појави вирусот, бележи 49 нови случаи, додека вкупно се разболеле 84.668 лица, а 4.634 починале.

Кога станува збор за земјите од Блискиот исток, најтешка е ситуацијата во Иран, каде што вкупно 326.712 лица се разболеле, а 18.427 пациенти починале.

Најдобра е состојбата во карипските земји Сент Пјер и Микелан и Ангвила, каде се пријавени само четири односно три случаи на зараза.

Северна Кореја нема пријавено никакви случаи во врска со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија

Можна е средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели