Утрински Весник
Спорт

Ериксен и медицинскиот тим кој му го спаси животот се поканети на финалето на ЕУРО

Ериксен и медицинскиот тим кој му го спаси животот се поканети на финалето на ЕУРО

Кристијан Ериксен, неговата сопруга и медицинскиот тим кој му го спаси животот по срцевиот напад на мечот со Финска на отварањето на ЕУРО 2020, се поканети на финалето на турнирот од страна на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Данскиот плејмејкер колабираше во текот на првиот меч од групата Б, по што речиси половина час, медицинскиот тим му го спасуваше животот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, пред да биде однесен во болница. Уште е нејасно дали Ериксен и неговата партнерка Сабрина Квист Јенсен ќе патуваат на „Вембли“, но се очекува шесте членови на медицинскиот тим, предводени од Педер Ерсгард да бидат таму.

„Тоа е како да поканиш дете на Божиќ. Одлично е чувството кога вака ќе те изненадат“, изјави Ерсгард.

> Ериксен и медицинскиот тим кој му го спаси животот се поканети на финалето на ЕУРО <

Можете да прочитате

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска