Утрински Весник
Македонија

По пријава за семејно насилство, при претрес во тетовско, пронајдено оружје и муниција

Lisici 1.webp.webp

На ден 16.10.2026 во Полициското одделение Групчин е пријавено семејно насилство, загрозување на сигурност и телесна повреда од страна на М.Д. (45) од тетовско село.

По добиена наредба од Основен суд Тетово, во времето од 21:30 до 22:30 часот извршен е претрес во домот на пријавениот, при што на скалите од влезната врата се пронајдени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар, кои се одземени.


Сопругата на пријавениот истиот ден во 19:30 часот во СВР Тетово пријавила кривично дело телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од нејзиниот сопруг М.Д.

По преземени мерки, М.Д. е лишен од слобода и задржан во СВР Тетово, а извештај е доставен до Основното јавно обвинителство Тетово со правна квалификација за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Приведени две лица при претреси во Кавадарци, пронајдена дрога

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Пронајдени дрога и пари при претреси во Велес и неготинско