Утрински Весник
Македонија

Дука: На 11 април изминува периодот на кризна сосотојба, побаравме од Владата да каже каков ќе биде понатамошниот третман

Дука: На 11 април изминува периодот на кризна сосотојба, побаравме од Владата да каже каков ќе биде понатамошниот третман
300x250 (7)

Дебар, 9 април 2020 (МИА) – На денешната редовна прес-конференција градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука информираше дека е упатено барање до Владата да информира каков ќе биде статусот на општините Дебар и Центар Жупа, по 11 април кога изминува периодот на кризната состојба.

– Како што е познато во Дебар и Центар Жупа прогласена е кризна состојба 30 дена, период кој изминува на 11 овој месец. Ние денеска испративме барање до Владата на РСМ да не информира каков ќе биде третманот и статусот на двете општини после овој датум. Сакам да информирам дека за понатамошниот статус на двете општини во оваа ситуација на пандемија ќе одлучат надлежните органи и експертите од оваа област во Владата, кои ќе направат проценка. За тоа не одлучуваме ниту ние градоначалниците ниту пак штабовите, рече Дука.

300x250 (7)

Општинскиот оперативен штаб продолжува со зацртаните мерки и активности, кои се насочени кон спречување на понатамошното ширење на опасниот вирус.

– Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и територијалната противпожарна единица продолжуваат според зацртаната динамика со втората по ред дезинфекција на јавни и прометни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот и населените места, а синоќа завршија со
дезинфекција на колективните стамбени згради и неколку улици и дел на населби во градот, информираше Дука.

Безбедносната состојба во текот на изминатото деноноќие ја оцени како стабилна, посочувајќи дека не се забележани непочитувања на забраната за движење, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Во врска со сосотојбата со коронавирусот, рече дека се очекуваат резултати од 13 тестирани лица, 29 се на домашно лекување, а 79 лица или осум повеќе споредено со вчера се во домашна изолација. вт/ев/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години