
Четиринаесет луѓе загинаа, а десетици се повредени во верижен судар во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати.
Министерството за внатрешни работи на ОАЕ соопшти дека несреќата ја предизвикал возач на камион, кој изгубил контрола и налетал на повеќе возила. Од силниот удар камионот се запалил, а огнот се проширил на неколку други возила.
Во несреќата учествувале 23 возила, од кои пет камиони.
Полицијата во Фуџаира соопшти дека 30 луѓе се повредени и се примени во болница.
Mеѓу жртвите има државјани и на Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.


