Утрински Весник
Спорт

Хајнер: Милер е симбол на Баерн, како што Октоберфест е на Минхен

Милер останува во Баерн Минхен до 2023 година
Img 5587

Mинхен, 9 април 2020 (МИА) – Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер изрази задоволство од продолжување на договорот со напаѓачот на тимот, Томас Милер.

– Продолжувањето на договорот со Милер е одлична вест, јас сум многу среќен за ова. Милер е херој, симбол на Баерн. Тој целата своја кариера ја помина овде. Во последните месеци, под водство на Ханс-Дитер Флик, повторно цвета. Милер е извонреден играч. Тој е ист симбол за Баерн како што Октоберфест е за Минхен, изјави Хајнер.

300x250 (7)

Пред два дена, Баерн го продолжи договорот со 30-годишниот Милер до крајот на јуни 2023 година. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим