Утрински Весник
Македонија

Донирана заштитна опрема за комуналните служби на Карпош

Донирана заштитна опрема за комуналните служби на Карпош

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Заштитни маски за повеќекратна употреба, заштитни наочари, ракавици и средства за дезинфекција денеска и беа донирани на Општина Карпош од компанијата „Санмарти“ ДОО.

Оваа опрема, како што најавуваат од локалната самоуправа, ќе ја користат комуналните служби на Општина Карпош, кои секојдневно дезинфицираат згради, улици, јавни површини и урбана опрема.

-Општината тековно доделува опрема на сите вработени, но секоја поддршка е значајна и добредојдена, велат од Општина Карпош и ја истакнуваат својата благодарност до „Санмарти“ ДОО за покажаната општествена одговорност за намалување на последиците од коронавирусот.

Општинските власти ги повикуваат сите граѓани да носат заштитни маски и да се придржуваат до препораките од надлежните институции. вј/ац/

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот