Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција во градинките, основните и средните училишта во Кисела Вода

Дезинфекција во градинките, основните и средните училишта во Кисела Вода

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Скопје спроведува голема акција за дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода.

Од општината соопштија дека работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот, Центарот за јавно здравје во соработка со Општина Кисела Вода ги врши врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата и Министерството за здравство.

Со цел за заштита на здравјето од коронавирусот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски апелира до граѓаните во целост да ги почитуваат препораките дадени од Владата и Министерството за здравство и упатува голема благодарност до медицинските лица, полициските службеници и до сите останати вклучени во борбата против коронавирусот, стои во соопштението. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват

„Стив Наумов“ се распаѓа, бараме достојни услови за студентите, порачуваат од СДММ