Утрински Весник
Македонија

Гром удри во далновод – Центар и околните населби останаа без струја

Гром удри во далновод – Центар и околните населби останаа без струја

Без електрична енергија останаа жителите на Центар и околните населби кои со струја се снабдуваат од трафостаницата Југ-нова оти гром удрил во далновод и ја оштетил мрежата.

Од ЕВН велат дека работат на премостување за жителите кај кои има прекин веднаш да добијат струја од друго место.

„Заедно со МЕПСО се работи на откривање на дефектот. Според очевидци, оштетувањето настанало од гром, но се работи на точно лоцирање. Веднаш штом се утврди, дефектот ќе биде поправен. Корисниците кај кои има прекин во скоро време ќе добијат струја оти паралелно се работи на нивно поврзување на други трафостаници“, велат од ЕВН за „Макфакс“.

Очевидци јавуваат дека забележале експлозија откако гром удрил во 110-киловолтен далновод.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!