Утрински Весник
Свет

(Видео) Пронајден е биолошки материјал и остатоци од бугарскиот авион што се урна во Црното море

(Видео) Пронајден е биолошки материјал и остатоци од бугарскиот авион што се урна во Црното море

Во тек е анализата на остатоците пронајдени при потрагата по бугарското борбено летало „Миг-29“, кое во средата се сруши во Црното Море.

Остатоците од авионот, наводно, биле лоцирани на длабочина од 70 метри.

По повеќе од 30 часа потрага, бугарската авијација и морнарица пронашла „биолошки материјал“ кои биле испратени на детална анализа со цел да се потврди дека станува збор за пилотот Валентин Терзиев.

„Потрагата по црната кутија продолжува“, рече бугарскиот адмирал Емил Ефтимов, објавувајќи ги резултатите од потрагата за „Миг-29“ што се сруши за време на воена вежба над Црното Море.

Според бугарски извори, „миг-29“ исчезнал од екраните на радарите за време на ноќна вежба за стрелање, односно напад на мета закачена на падобран.

Бугарските медиуми наведуваат дека овој вид на пукање е „тежок маневар“, бидејќи постои можност пилотот да ја изгуби својата ориентација.

Вежбата беше прекината веднаш откако бугарскиот авион исчезна од радарот.

Можете да прочитате

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти

Околу 19.000 луѓе протестираа во Германија барајќи поправедна социјална политика и поголема заштита на климата

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа