Утрински Весник
Спорт

Гејџи го победи Фергусон во главниот настан на УФЦ 249

Гејџи го победи Фергусон во главниот настан на УФЦ 249

Лас Вегас, 10 мај 2020 (МИА) – Џастин Гејџи ја оствари најимпресивната победа во кариерата, со што стави крај на рекордната серија од 12 победи на Тони Фергусон во лесна категорија и заслужено ја крена привремената титула.

Гејџи веќе е прв во ред за борба со шампионот Хабиб Нурмагомедов, откако доминираше во главниот настан на долгоочекуваната гала вечер УФЦ 249.

Тони Фергусон од многумина сметаше дека е човекот кој ќе стави крај на владеењето на Хабиб, но изненадувачки или не, тој беше целосно поразен од моќните тупаници и комбинации на Гејџи.

Гејџи веќе има 22 победи и само 2 порази во ММА (5-2 УФЦ), додека Фергусон за прв пат загуби по 8 години и веќе има статистика 25-4 ММА, 15-2 УФЦ.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони