Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Приштина подготвува општ напад на северот на Косово од 1. октомври

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста во врска со одлуката на косовските власти да ги забранат српските лични карти и по 30 септември годинава да ја укинат важноста на регистарските ознаки со имиња на српски градови „КМ“ „ГЛ“ „ПР“ „УР“ и други.

Најавите се дека по тој рок возилата кои ќе имаат вакви регистарски ознаки ќе бидат одземани.

„Од денес имаме потполна промена на ситуацијата во Западен Балкан и на Косово. Албанското раководство добило поддршка од Велика Британија и Германија, донесоа две одлуки, да се протераат Србите од Косово и Метохија. Една е со забраната на личните карти, а втората одлука е со една цел, да се протераат Србите од северот и да се направи една нова Олуја. Со години водат кампања да ги натераат Србите да ги прифатат нивните регистарски таблички“ рече Вучиќ.

Тој нагласи дека со години Србија ги трпи лагите на Западот.

„Запалија десетина наши цркви и манастири, а како награда добија независно Косово. Имавме и Бриселски договор. Ние исполнивме се, тие ништо. Тогаш решија да не малтретираат со таксите. Сето ова му го кажав на Лајчак“ изјави Вучиќ и подвлече дека Западот е арогантен со Србија затоа што немаат нуклеарно оружје и нафта.

Можете да прочитате

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите

Палестинската управа формира нова влада