Утрински Весник
Македонија

Во Битола отворен пункт за скрининг на Ковид-19

Во Битола отворен пункт за скрининг на Ковид-19

Битола, 23 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Битола, Наташа Петровска на редовен состанок на општинскиот кризен штаб беше информирана за актуелната состојба во градот и примената на мерките за заштита од Ковид-19. Од денеска во Битола отворен е пункт за скиринг од Ковид-19, а на барање на Петровска се очекува согласност од СВР-Битола на влезовите во градот да се врши запирање и дезинфицирање на сите моторни возила.

Од Општина Битола информираат дека локалните јавни претпријатија ќе продолжат со дезинфекција на објектите од надлежност на локалната самоуправа, Градскиот пазар продолжува со работа, а ЈП „Пазари“ утврди задолжително растојание меѓу продавачите, додека пак Сточниот пазар е затворен.

Општинскиот кризен штаб апелира да се почитуваат официјалните мерки и препораки и граѓаните непотребно да не излегуваат од дома. мт/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето