Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага рефундирање на разликата во цената за лекување од Ковид-19 во приватните болници

ВМРО-ДПМНЕ предлага рефундирање на разликата во цената за лекување од Ковид-19 во приватните болници

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за здравствена заштита со кој се предвидува рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид – 19 во приватните болници, изјави Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ предлага сите кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство.

„Исто така, со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство“, рече Ристески.

Тој додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека под итно мора да се излезе во пресрет на граѓаните и со овој предлог на закон да се помогне пред се финансиски и на граѓаните кои се заразиле со Ковид – 19, но и на оние кои што се мачат со некоја друга хронична болест, а поради пандемијата предолго се ставени на листата на чекање.

Можете да прочитате

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната и ги уназадува правата на вработените во судовите