Утрински Весник
Свет

Бразил денеска избира претседател: Лула и Флавио Болсонаро во трка за власт

Brazil 1.webp.webp

Бразилците денеска, 4 октомври, гласаат на претседателски избори, на кои главни противници се актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва и сенаторот Флавио Болсонаро. Право на глас имаат речиси 159 милиони граѓани.

Лула, кој има 80 години, бара четврти претседателски мандат. Неговиот противкандидат, 45-годишниот Флавио Болсонаро, е син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро и политички сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп. Во трката учествуваат уште десет кандидати.


Двајцата фаворити ја завршија кампањата на 3 октомври со собири на приврзаниците. Лула учествуваше во марш низ Сао Пауло, додека Болсонаро се приклучи на колона мотоциклисти во истоимената сојузна држава, а потоа одржа собир во Рио де Жанеиро.

И двајцата изразија уверување во победа, иако анкетите укажуваат на веројатен втор круг.

За победа во првиот круг се потребни повеќе од 50 отсто од важечките гласови. Доколку никој не го достигне тој праг, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат на втор круг на 25 октомври.

Можете да прочитате

Штајнмаер предупреди: Екстремизмот ги загрозува демократијата и единството на Германија

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта