Утрински Весник
Спорт

Влаховиќ ќе го менува Халанд во Борусија?!

Влаховиќ ќе го менува Халанд во Борусија?!

Душан Влаховиќ без сомнение е еден од најбараните фудбалери на денешницава. Зад себе има сјајна година во Фиорентина, постигна 33 гола во Серија А.

Јувентус, Манчестер Сити, Тотенхем, Арсенал, Њукасл се само дел од клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги, но сепак постојат големи шанси тој да ја продолжи кариерата во Борусија Дортмунд.

Судејќи по се, норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд ќе ги напушти „милионерите“, а моментно најблиску е до заминување во Барселона.

Борусија ќе мора да најде замена за Норвежанецот, а изборот, наводно, паднал на Србинот.

Цената на трансферот најверојатно ќе биде околу 80 милиони евра, што нема да е проблем за Борусија која сигурно ќе заработи многу повеќе од евентуалната продажба на Халанд.

Тоа значи дека српскиот ас од Фиренца би се преселил во Дортмунд за да настапува на „Вестфален“ – еден од трите најголеми фудбалски стадиони во Европа.

> Влаховиќ ќе го менува Халанд во Борусија?! <

Можете да прочитате

Оклахома израмни во серијата со Далас, Дончиќ постигна трипл-дабл

Две први места за македонските пингпонгари на Конект Балканската лига

Мбапе објави емотивен пост по добивањето на титулата најдобар играч во Лига 1