Утрински Весник
Свет

Бразил ги прогласи за персона нон грата сите дипломати од Венецуела

Бразил ги прогласи за персона нон грата сите дипломати од Венецуела

Министерството за надворешни работи на Бразил ги прогласи сите дипломати од Венецуела, кои го претставуваат режимот на претседателот Николас Мадуро, за персона нон грата, се наведува во соопштение од МНР на Бразил.

„ Бразилската Влада ги извести дипломатските, конзуларните и административните претставници на нелегалниот режим на Венецуела дека се пригласени за персона нон грата“, соопшти Министерството.
Прогласувањето не значи присилно протерување. Сепак, по одлуката на Министерството за надворешни работи, на официјалните лица на Каракас им беше одземен дипломатскиот имунитет и привилегиите поврзани со нив.

Бразил ги повлече сите свои дипломати од Венецуела во март 2020 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација

„Шпигел“ открива нови детали: Дронот од Лајпциг со идентични компоненти како запленетите во Србија