Утрински Весник
Македонија

Измени на сообраќаен режим во Скопје поради Авицена женска трка

Измени на сообраќаен режим во Скопје поради Авицена женска трка

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 08.30 до 10.30 часот, бидејќи во наведениот период во организација на Сојуз на спортови на Скопје ќе се одржи Авицена женска трка 2020 во Скопје, со почеток од Спортскиот центар А1, од пред главниот влез на салата, по што учесниците ќе продолжат кон подвозникот на бул.„8-ми Септември“ кај хотел „Александар Палас“, а потоа ќе поминат под подвозникот и ќе се движат кон целта во Градски парк, после кајакарскиот центар во Скопје.

Од тие причини за сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градскиот парк.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ

„Платформа 12:05“: Само обединета опозиција може да ги победи десничарските популисти

Филипче: Честитки до граѓаните на Србија за големата победа