Утрински Весник
Свет

Трамп: САД мора да имаат сериозен пристап во случај на можно труење на Навални

Трамп: САД мора да имаат сериозен пристап во случај на можно труење на Навални

САД мора да имаат „многу сериозен“ пристап во случај на можно труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој синоќа изјави дека се уште нема докази дека Навални бил отруен, но додаде дека „нема причина да се сомневаме во откритието на германските власти дека бил отруен со нервен агенс“.

САД претходно и порачаа на Русија дека се „сериозно загрижени“ од објавата на германските власти за труењето на Навални.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?