Утрински Весник
Македонија

Билал Касами: Во овие тешки моменти жалиме заедно со украинскиот народ

Билал Касами: Во овие тешки моменти жалиме заедно со украинскиот народ

Во својство на претседател на партијата „Движење Беса“ и градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, заедно со заменик-претседателот Аријанит Хоџа, денеска ја посетија Амбасадата на Украина во Скопје, каде што остварија средба со амбасадорката Наталија Задорожни, за да изразат поддршка и солидарност со народот на Украина.

Касами како градоначалник на Тетово упати писмо за солидарност до градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, каде тој и Движењето Беса изразува целосна солидарност со граѓаните на Киев.

Исто така Движењето Беса го поддржува европската перспектива на Украина и ја осуди руската агресија врз Украина, како и, како што рече, криминалните акции на руските војници на украинска територија, особено во градот Буча, каде што беа масакрирани невини цивили.

Лидерот на „Движењето Беса“ изрази уверување дека Украина ќе победи и ќе ја обнови својата земја со помош на сите западни партнери.

На средбата сите се согласија за интензивно продолжување на комуникацијата и меѓусебната поддршка.

Можете да прочитате

Жерновски: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

На граѓани им се слошило пред Алта банка во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад