Утрински Весник
Спорт

Бекер: Јас сум најголемиот навивач на Федерер, но Новак е во предност!

Бекер: Јас сум најголемиот навивач на Федерер, но Новак е во предност!
Img 5587

Дебатата за најдобар тенисер на сите времиња се уште трае. За тоа зборуваше и легендата на германскиот тенис – Борис Бекер кој во еден период му беше тренер на српскиот ас – Новак Ѓоковиќ.

Србинот имаше сјајна сезона во која го престигна Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата.

300x250 (7)

Ѓоковиќ, Федерер и Надал имаат по 20 грен слем титули.

„Фактот што сите тројца имаат по 20 грен слемови е неверојатен и тоа никој нема да го повтори. Играа еден против друг во последните 15 години. Не освоија повеќе слемови затоа што си беа конкуренција. Бројките не лажат. Како некогашен тренер знам дека бројот на седмици поминати на врвот на АТП е многу важен. Новак тука е во предност. Сега да престаната Рафа и Роџер да играат, Новак би бил број 1“ изјави Бекер за „Eurosport”.

Швајцарскиот ас се уште се опоравува од повредата на коленото, а Шпанецот на егзибициите во Абу Даби покажа дека му е потребно уште време за да се врати во форма.

Но, веднаш штом се врати на терените по долгомесечната пауза, информираше дека е позитивен на Ковид 19.

„Тие двајца мораат да размислат уште колку долго ќе бидат професионални тенисери. Ситуацијата за Рафа е нешто полесна за разлика од онаа на Роџер. Не постои поголем навивач на Федерер од мене, но не знам колку ќе му биде лесно да се врати со скоро 41 година“ заклучи поранешниот тренер на Ѓоковиќ.

> Бекер: Јас сум најголемиот навивач на Федерер, но Новак е во предност! <

Ss1

Можете да прочитате

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ

Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак