Утрински Весник
Спорт

Аталанта со посебен хотел и превоз за фудбалерите-антиваксери

Аталанта со посебен хотел и превоз за фудбалерите-антиваксери

Додека се чека одлуката на италијанската влада за правилата за невакцинираните спортисти, Аталанта организира посебен превоз и хотел за антиваксерите меѓу своите фудбалери пред гостувањето кај Лацио, тврдат италијанските медиуми.

Иако во теорија, невакцинираните играчи не смеат да играат, ниту да влегуваат во соблекувалните од 10 јануари, уште не се прецизирани правилата за невакцинираните, по што Аталанта според весникот „Л’Еко ди Бергамо“ организира две посебни патувања за вакцинираните и невакцинираните играчи.

Иако ќе го делат фудбалскиот терен 90 минути, вакцинираните и невакцинираните фудбалери ќе имаат посебен автобус, посебен хотел и посебна исхрана.

> Аталанта со посебен хотел и превоз за фудбалерите-антиваксери <

Можете да прочитате

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен

Ивановски трет на Скопскиот маратон, победата ја однесе Кениецот Њороге

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска