Утрински Весник
Спорт

Азар го одбил Њукасл, следна дестинација Серија А

Азар го одбил Њукасл, следна дестинација Серија А

Еден Азар е подготвен да го напушти Реал Мадрид, ја одбил понудата од Њукасл, бидејќи не сакал да се врати во Премиер лигата. Белгиецот имал желба да ја продолжи кариерата во Италија.

Шпански „Ел Насионал“, тврди дека Азар ќе ја прифати понудата на Јувентус и дека до крајот на месецов ќе се пресели во Торино.

Азар, во летниот преоден рок во 2019 година, се пресели во Реал од Челси. Во клубот беа сигурни дека тој ќе биде вистинскиот наследник на Кристијано Роналдо, кој во истиот преоден рок замина до клубот.

И покрај тоа што, во тој момент, Азар влезе во последната година од договорот со Челси, Реал плати 115.000.000 евра.

> Азар го одбил Њукасл, следна дестинација Серија А <

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори