Утрински Весник
Македонија

Струмичанец осуден на 20 години затвор ќе одговара за уште едно убиство

На скопскиот аеродром уапсен гостиварец кој преку интернет упатил закани до владин функционер
Dik 300x250 mk

Струмичкото основното јавно обвинителство против лице од селото Добрејци покрена обвинение за кривично дело – убиство.

Станува збор за обвинет, кој годинава веќе е осуден на казна затвор од 20 години за уште едно такво кривично дело.

Во текот на истрагата, обвинителството прибрало доволно докази кои ги потврдуваат сомнежите дека обвинетиот, на речиси идентичен начин како и во случајот со претходната жртва Ристо Иљашев, го извршил кривичното дело и кон втората жртва – Александар Мицев од Струмица.

Според обвинителстовото, тој го убил Мицев на подмолен начин и од материјални побуди.

На 9 октомври 2018 година, во адвокатска канцеларија во Струмица, обвинетиот и неговата жртва склучиле договор за купопродажба на деловна просторија, во која оштетениот се јавува како продавач, а обвинетиот како купувач.

По ова, тие заминале во село Добрејци, во работилницата на обвинетиот за наводна исплата на парите во готово.

Искористувајќи ја приликата кога останале сами и довербата што оштетениот ја имал кон него, обвинетиот испукал два куршума од огнено оружје во пределот на главата на жртвата, по што во речиси истиот момент настапила смрт.

Обвинетиот го ставил телото на убиениот во метален резервоар за гориво, кој го обвиткал со фолија. Потоа со возило го однел на браната „Турија“ и го фрлил во езерото.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија