Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Зелената агенда мора да премине од заложби кон конкретни резултати за граѓаните од Западен Балкан

5 16.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествува на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB), што се одржува на 18 и 19 септември во Жабљак, Црна Гора, во рамки на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година.

Во обраќањето на главната сесија „Зелена агенда за Западен Балкан – од заложби кон реализација”, министерот Хоџа ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон Зелената агенда и европската интеграција, посочувајќи дека во следната фаза фокусот треба да биде на имплементација, инвестиции и регионална соработка.


„Зелената агенда треба сè повеќе да стане платформа за регионална имплементација, а не само за регионален дијалог. Загадувањето не застанува на границите, а климатските ризици се заеднички”, порача Хоџа, нагласувајќи ја потребата од заеднички решенија, размена на знаење и податоци, усогласување на стандардите и развој на регионална инфраструктура таму каде што тоа е оправдано.

,,Успехот нема да се мери според бројот на усвоени документи.Ќе се мери според конкретните промени кои носат бенефит за граѓаните од целиот регион.” – истакна Хоџа.

Во однос на клучните приоритети на Северна Македонија во наредниот период, министерот се осврна на забрзувањето на инвестициите во обновливи извори и енергетска ефикасност, зајакнување на климатското управување и подготовката за европската климатска рамка, праведна транзиција за регионите зависни од јаглен, забрзување на реформите во управувањето со отпадот и циркуларната економија, како и зајакнување на климатската адаптација, заштитата на природата и биолошката разновидност.

Третиот министерски состанок на Зелената агенда за Западен Балкан претставува форум за согледување на досегашниот напредок и утврдување на политичките насоки за следната фаза од имплементацијата на Зелената агенда. Во рамки на состанокот во Црна Гора е предвидено усвојување на Министерската декларација за Зелената агенда за 2026 година, како и политичка поддршка за клучни чекори на регионално ниво.

Можете да прочитате

Маж од Охрид загинал откако паднал од мопед

ДУИ: Изјавата на Вучиќ е уште еден обид за дефокусирање и манипулирање со јавноста

47.ИФФК „Браќа Манаки” со импресивна програма со рекорден број гости, филмови и едукативни содржини