Утрински Весник
Спорт

Швеѓаните ја „стопираа“ Франција и ќе играат за злато против „фуријата“

Швеѓаните ја „стопираа“ Франција и ќе играат за злато против „фуријата“
Ss2

Шведска ќе игра за својата рекордна петта европска ракометна титула, но прва од 2002 година, откако во полуфиналето успеаја да ја стопираат фаворизираната Франција за 34:33 победа. Противник на „трите круни“ во големото финале во Будимпешта во недела ќе биде Шпанија, која претходно ја елиминираше Данска.

Стартот на мечот не ветуваше таков исход, откако Французите стартуваа со 5:1 водство, додека до 20-тата минута најдобар стрелец за Шведска беше голманот Андреас Паличка со три гола, вклучувајќи го израмнувачкиот за 10:10. По ова, Швеѓаните имаа одличен финиш на полувремето за да направат предност од три гола (17:14). Во второто полувреме, секој обид на Французите да го намалат водството на помалку од два гола разлика беше неуспешен, пред во финишот да дојдат на 31:32, кога Валентин Порт доби директен црвен картон за груба игра. Швеѓаните се вратија на +2 (34:32) во последната минута, меѓутоа, Французите вратија со брз гол, за потоа противниците несфатливо да ја загубат топката, пред последниот обид да биде одбранет.

Ss1

Џим Готфридсон со 9 гола беше најдобар за „трите круни“, додека Лукас Пелас заврши со 7 гола, а за Французите, Уго Деска имаше осум гола, а Ајмерик Мине седум.

„Триколорите“ ќе мораат да се задоволат со борба за бронзата, против Данска, која драматично ја совладаа во последниот меч по групи за пласман во борбата за медалите. Швеѓаните пак, ќе се обидат да се одмаздат на Шпанците за поразот во финалето во Хрватска на ЕП во 2018 година.

> Швеѓаните ја „стопираа“ Франција и ќе играат за злато против „фуријата“ <

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер